ЌЕ БИДЕ ЖЕШКО ДО САБОТА Вo недела и вo понеделник пороен дожд
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
До сабота ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневните температури. Во недела и понеделник во попладневните часови ќе има развој на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во северозападните и североисточните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд. УВ индексот ќе биде 8. Утринските температури ќе се движат од 10 до 20 степени, а дневните од 27 до 37 степени. Во Скопје утринската температура до 17 степени, а дневната до 34 степени, информираат од УХМР.