ЌЕ БИДЕ СОНЧЕВО И ТОПЛО ДО САБОТА ПОПЛАДНЕ Утре температурите ќе достигнат 35 степени
До петок времето ќе се задржи претежно сончево и топло со постепен пораст на дневните температури. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. В сабота попладне и во текот на ноќта кон недела ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Времето утре ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 9 до 35 степени.
До петок времето ќе се задржи претежно сончево и топло со постепен пораст на дневните температури. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. В сабота попладне и во текот на ноќта кон недела ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, а во недела ветерот ќе го смени правецот во северен. Потоа следува период на стабилно и потопло време.