ЌЕ БИДЕ ПРЕТОПЛО, ВЕТЕРОТ ЌЕ ДУВА КАКО ВРЕЛ ФЕН Не попуштаат температурите од над 40 степени
И во сабота ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Температурата во некои градови ќе достигне и 43 степени.
Времето и утре ќе биде претежно сончево и многу топло, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Се очекува максимална температура од 42 степени Целзиусови во Скопје, Велес, Демир Капија и во Гевгелија.
Во Скопје, времето, исто така, ќе биде сончево и многу топло, со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се симне до 21, а дневната ќе се искачи до 42 степени.

И во сабота ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Температурата во некои градови ќе достигне и 43 степени.
Во недела ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а температурата ќе биде во опаѓање.

Најтопло денеска беше во Гевгелија, каде е измерена температура од 42 степени. Во Велес е измерена температура од 41 степен, а во Демир Капија 40,5. Во Скопје максималната температура изнесуваше 39,7.