ЌЕ БИДЕ ОБЛАЧНО, АМА ЌЕ НÈ ОГРЕЕ И СОНЦЕ На некои места ќе дувне северко

„Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен правец“, се вели во соопштението.

185

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h), информираше УХМР.

„Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен правец“, се вели во соопштението.






Прогноза за 03.02.2024

Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Прогноза за 04.02.2024

Сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Прогноза за 05.02.2024

Претежно сончево и релативно топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Поврзани содржини