ЌЕ БИДЕ ЛИ ТРЕТА СРЕЌА СОСТАНОКОТ ВО ИСТАНБУЛ? Русија и Украина повторно ќе се обидат да договорат мир
Кремљ изрази подготвеност да ги продолжи преговорите со Украина, откако Трамп ѝ даде на Русија 50 дена да преговара за договор со Киев.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека следниот состанок меѓу Москва и Киев е закажани за в среда.
Досега се одржаа два состанока во Истанбул и на нив не се постигна успех.
„Разговарав со (секретарот на Советот за безбедност на Украина) Рустем Умеров за подготовката на нов состанок во Турција. Умеров рече дека состанокот е закажан за в среда“, рече Зеленски во своето дневно обраќање.
За време на последните разговори за постигнување мир во јуни Русија ги повтори своите барања. Меѓу нив се отстапување на четирите региони на Украина кои Русија ги вклучи во својата територија, покрај Крим, како и Киев да се откаже од целата западна воена помош и од членството на Украина во НАТО.
Украина ги отфрли тие барања, сметајќи ги за ултиматум.
Кремљ изрази подготвеност да ги продолжи преговорите со Украина, откако Трамп ѝ даде на Русија 50 дена да преговара за договор со Киев. Трамп рече дека во спротивно Русија ќе се соочи со строги санкции и дека снабдувањето на Киев со оружје ќе продолжи.