ЌЕ БИДЕ ЛИ ХАРКОВ НОВИОТ ХЕРСОН? Путин ангажира специјалци и се утврдува преку границата кај Белгород

Ден Солер, поранешен разузнавачки полковник на американската армија, вели дека засилувањето на границата на Русија укажува дека Русите заземаат одбранбен став во светло на реалноста дека „Харков повеќе не е реалистична цел за нив“.

590

Русија се спрема за нова голема битка во регионот Харков. Се ангажираат многу специјалци, а се утврдува линијата долж руско-украинската граница кај Белгород, руски град од другата страна на границата, пишува Њузвик. Регионот на Белгород веќе неколкупати беше гранатиран од Украинците во војната, како единствено место надвор од границата кое беше нападнато. Но, сега следи голема офанзива во Харков, кој е само на 40 километри од украинската страна. Ќе биде ли Харков новиот Херсон?

Гувернерот на руската област Белгород во вторникот сподели слики од утврдување кај Белгород за кое вели дека се работи на дневна светлина.






„Работниот ден започна со проверка на изградбата на безбедносната линија кај мојот заменик Владимир Базаров“, напиша гувернерот Вјачеслав Гладков на Телеграм.

Истовремено, летаат украинските гранати и доаѓаат нападите од запад. Белгород е еден од јужните региони на Русија со население од околу 1.530.200 жители. Експертите велат дека со утврдувањето во Белгород Путин собира информации за тоа што да прави понатаму во војната.

Русија ги ангажира сите специјалци во Луганск и во Доњецк

Британското Министерство за одбрана откри дека во последните две недели веројатно префрлила големи делови од своите воздухопловни трупи (ВДВ) на фронтот во источните региони Луганск и Доњецк. Се смета дека дел од десантните трупи се засилени со неодамна мобилизираните резервисти.

„Иако овој слабо обучен персонал веројатно ќе ги намали наводните елитни способности на ВДВ, Русија најверојатно ќе ги ангажира овие единици во секторите што ги смета за особено важни”, велат тие.

Утврдувањето е трик за јавноста?

Мајкл Кимаж, професор и претседател на Катедрата за историја на Католичкиот универзитет на Америка, изјави за Њузвик дека не верува оти Путин се откажал од кој било дел од Украина во неговата војна, но дека Русија во моментов е во „тешка состојба“ по „низата прилично срамни порази“.

Според него, утврдувањето на границата може да биде и трик за односи со јавноста од страна на Русија, чија цел е да му покаже на руското население дека им се заканува Украина, но додаде дека не верува дека Украина навистина ќе испрати војници преку руската граница кон Белгород.

фото: твитер/принтскрин

Русите ќе стагнираат и само ќе го држат фронтот?

Вилијам Рено, професор по политички науки на Универзитетот Нортвестерн, изјави за Њузвик дека одбранбената положба на Русија сигнализира дека нема да има пробив напред од нејзините сили „во скоро време“.

– Руската војска веројатно нема да пропадне, но се чини дека во следните неколку месеци оперативниот план ја држи линијата“, рече Рено. Одбранбените подготовки на меѓународната граница, исто така, би можеле да бидат обид на Русите да префрлат дел од нивните сили во други делови од фронтот за да ги поддржат нивните одбранбени позиции таму.

Тој, исто така, истакна дека додека руските сили „изгледаат дека се гужваат“, друго прашање што треба да се разгледа е дали нивните одбранбени подготовки се „добро обмислени и поддржани со оперативни резерви…или рудиментирани, плитки и неподдржани“.

– Мислам дека е второто – заклучува тој.

Харков повеќе не е реалистична цел за Русите

Ден Солер, поранешен разузнавачки полковник на американската армија, вели дека засилувањето на границата на Русија укажува дека Русите заземаат одбранбен став во светло на реалноста дека „Харков повеќе не е реалистична цел за нив“.

– Она што секоја војска го прави, а тоа е често во нашата доктрина… е дека кога повеќе не можете да продолжите со нападот, тогаш автоматски одите во одбрана – заклучува Солер во изјавата за Њузвик.

 

 

Поврзани содржини