ЌЕ БИДЕ ИНТЕРЕСНО Јувентус го купува Моис Кин, а тој е навивач на Интер

Кин е роден во Италија, но е етнички Брежанец бидејќи двајцата родители му се имигранти од Брегот на Слоновата Коска. Интересно е тоа што Кин е навивач на лутиот ривал Интер, а омилен фудбалер во детството му бил Нигериецот Оба Феми Мартинс.

240

Италијанскиот прволигаш Јувентус пронајде замена за Португалецот Кристијано Роналдо, кој одлучи да го напушти тимот и да им се придружи на „црвените ѓаволи“.

Замената за Роналдо е младиот Моис Кин, кој од Евертон се враќа во клубот каде што ја започна својата кариера на сениорско ниво.






Јувентус ќе го донесе на позајмица, но со задолжителен откуп во 2023 година. Јуве веднаш ќе плати 7 милиони евра, а потоа на три рати ќе отплати вкупно 28, практично истите пари за кои и го продаде.

Кин е роден во Италија, но е етнички Брежанец бидејќи двајцата родители му се имигранти од Брегот на Слоновата Коска. Интересно е тоа што Кин е навивач на лутиот ривал Интер, а омилен фудбалер во детството му бил Нигериецот Оба Феми Мартинс.

Поврзани содржини