ЌЕ БИДАТ ТРЕТИРАНИ КАКО НЕПРИЈАТЕЛИ НА ДРЖАВАТА Предупредување до Иранците да не излегуваат на протести

Тајната служба на на Корпусот на Исламската револуционерна гарда објави дека ќе ги гони „предавниците“ деноноќно и дека „злобниот непријател“ поттикнува страв и улични немири во Иран, бидејќи не може да ги постигне своите цели на бојното поле. 

98

Тајната служба на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) го предупреди населението да не излегува на улиците на протести, објавија вчера државните медиуми.

Државниот радиодифузер ИРИБ Њус објави соопштение во кое службата им се закани на потенцијалните демонстранти со уште построги мерки, отколку за време на протестите кон крајот на декември и почетокот на јануари.






Според американските активисти за човекови права во Иран во тие протести беа убиени повеќе од 7.000 луѓе.

Демонстрациите, првично предизвикани од тешка економска криза, беа најзначајните немири во земјата во последните години.

Тајната служба објави дека ќе ги гони „предавниците“ деноноќно и ќе ги третира како нерпијатели на државата.

Според соопштението, „злобниот непријател“ поттикнува страв и улични немири во Иран, бидејќи не може да ги постигне своите цели на бојното поле.

 

Поврзани содржини