Ќе бидат обесштетени депозитите на 99,4 отсто од физичките лица во Еуростандард банка

Граѓаноите коишто имаат депозити во Еуростандард банка повисоки од 30.000 евра, во рамки на обесштетувањето од страна на ФОД ќе им бидат исплатени средства до 30.000 евра во денарска противвредност, по лице.

503

Според податоците обезбедени од Еуростандард банка (со состојба на 10 јули, 2020 година), вкупниот износ на депозитите на физички лица кои ќе бидат обесштетени од страна на Фонд за сигурување на депозити (ФОД) изнесува околу 4,4 милијарди денари. Од ФОД ќе бидат обесштетени депозитите на 99,4 проценти од физичките лица – депоненти во „Еуростандард банка“ АД Скопје, истакна во интервјуто за МИА Борче Хаџиев, директор на Фонд за сигурување на депозити.

Тој  вели дека физичките лица коишто имаат депозити во Еуростандард банка повисоки од 30.000 евра, во рамки на обесштетувањето од страна на ФОД ќе им бидат исплатени средства до 30.000 евра во денарска противвредност, по лице.






– Депозитите на граѓаните се безбедни, банкарскиот сектор е стабилен. Фондот е подготвен и е во одлична финансиска состојба, со што сме во можност да ги исплатиме сите депоненти – физички лица на Еуростандард банка, по основ на вкупните депозити кои ги имаат во Банката во согласност со законските прописи. Според податоците обезбедени од Банката (со состојба на 10 јули, 2020 година), вкупниот износ на депозитите на физички лица кои ќе бидат обесштетени од страна на ФОД изнесува околу 4,4 милијарди денари. Од ФОД ќе бидат обесштетени депозитите на 99,4 проценти од физичките лица – депоненти во Еуростандард банка – вели Хаџиев.

Граѓаните,додава тој, во банките чуваат приближно 4,6 милијарди евра, од кои осигурени се 3,3 милијарди евра.

– Во случај на одземање на дозволата за работа на некоја од членките на ФОД, се обесштетуваат осигурените депозити, но не повеќе од денарска противвредност од 30.000 евра по депозит во банка пресметани по средниот курс на Народната банка на денот на одземање на дозволата за работа на банката. Предмет на обесштетување се денарските и девизните депозити, средства на трансакциските сметки, депозитите врзани за парични картички, девизните приливи и сертификатите за депозити издадени од банката.Со обесштетувањето на депозитите се опфаќа и договорената пресметана и припишана камата и непристигнатата камата заклучно со денот на одземање на дозволата за работа на банката, којашто не му била исплатена на депонентот-физичко лице.Согласно Законот за Фондот за осигурување на депозити, во случај кога депонентот има обврски кон банката, вкупниот износ на депозити на депонентот коишто се предмет на обесштетување се намалува за износот на неговите обврски кон банката – вели тој.

Поврзани содржини