ЌЕ БАРАМЕ „ПОЕВТИНИ“ ПАРИ НА ЗАЕМ ВО АБУ ДАБИ Дали Ковачевски тргна по стапките на Вучиќ?

Ковачевски рече дека владината делагација во Абу Даби ќе ја презентира можната еврообврзница за идната година. „Веќе има држави кои обезбедија поповолно финансирање од она што се нуди тука во Европа, токму од таа дестинација кадешто одиме“ - појасни премиерот.

1,306

Премиерот Димитар Ковачевски во вторник патува за Абу Даби каде ќе има состаноци со претставници на инвестициски фондови, во обид, како што рече во интервју за „360 степени“, да се најдат поповолни услови за финансирање од тие што се нудат во Европа.

– Се работи за навистина сериозни инвестициски фондови. За државата е подобро да се отиде да се разговара со тие инвестициски фондови со оглед на тоа дека веќе има држави кои обезбедија поповолно финансирање од она што се нуди тука во Европа, токму од таа дестинација кадешто одиме – појасни Ковачевски.






Ковачевски рече дека владината делагација во Абу Даби веќе има закажано состаноци со четири инвестициски фондови за да се презентира можната еврообврзница за идната година. Тој додаде дека целта е да се обезбедат каматни услови за финансирање на државата по поповолни услови од она што го има на мултилатералните финасиски пазари.

Заедно со Ковачевски во Абу Даби ќе патуваат и министерот за финансии, министерот за земјоделство и министерот за транспорт и врски.

Ковачевски во интервјуто за „360 Степени” на Алсат ТВ, истакна дека Владата има обезбедено финансирање од „Дојче Банка”, од „Ерсте Банка” и додаде дека од исклучителна важност е тоа што успеавме да постигнеме договор со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), со кој како држава имаме на располагање 530 милиони евра. Во таа насока е и посетата на Абу Даби, рече премиерот.

Ковачевски подвлече дека државата го заокружи целокупното финансирање на Буџетот за годинава, со над 40 милиони евра заштеда како резултат на претпазливото управување со должничкото портфолио во услови на криза и глобалниот раст на каматните стапки.

Поврзани содржини