Ќе бараме од ЕУ парите од ИПА-програмите да се пренаменат за коронакризата

480

Владата на седница ја разгледа и ја усвои информацијата за привремена пренамена на расположливите ИПА-средства од соодветните девизни сметки наменети за имплементација на ИПА-програмите во буџетот, во функција на справување со кризата поради вирусот ковид-19, соопшти владината прес-служба.

„Владата го задолжи Министерството за финансии да побара одобрување од соодветните служби на Европска комисија за привремено користење на преостанатите салда на ИПА-средства од програмите ТАИБ 2009, ТАИБ 2010, ТАИБ 2011 и ИПА Компонентите III, IV и V со цел справување со кризата. По добиената согласност од страна на Европската комисија, Министерството за финансии ќе ги префрли средствата на соодветни сметки кои ќе бидат наменети во функција на справување со кризата настаната како резултат на вирусот ковид-19“, се наведува во соопштението.






Владата информира дека го задолжила Министерството за финансии да ги врати позајмените средства од буџетот по завршување на кризата, во рок и согласно насоките кои ќе се добијат од Европската комисија.

Поврзани содржини