ЌЕ БАРААТ ЛИ ОТКУП? Киднапирани најмалку 80 жени и деца во Нигерија
Оружени банди во последниве години нападнаа стотици локални заедници низ северозападна Нигерија, додека исламистичките милитанти продолжуваат да вршат напади во североисточниот дел на земјата.
Оружени напаѓачи во Нигерија киднапирале најмалку 80 луѓе, главно жени и деца, во сојузната држава Замфара, каде што е зголемена активноста на банди кои вршат киднапирања за пари во оддалечените села, изјавија денеска очевидци.
Оружени банди во последниве години нападнаа стотици локални заедници низ северозападна Нигерија, додека исламистичките милитанти продолжуваат да вршат напади во североисточниот дел на земјата.
Последното киднапирање се случило вчера, во селото Ванзамаи во областа на локалната самоуправа Цафе во Замфара, додека жените и децата од селото работеле земјоделски работи и собирале огревно дрво.