ЌЕ ЈА ЗАВРШИМЕ ДОМАШНАТА ЗАДАЧА СО РЕФОРМИТЕ Потоа ЕУ нека одлучи, критериуми или билатерализација

Македонскиот евроинтегративен пат е неминовно поврзан со волјата на 27 земји-членки, една од нив е и Бугарија. Знаете дека со нив имаме проблем, но ние имаме цел да си ја завршиме домашната задача, вели премиерот Христијан Мицкоски.

153

Премирерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања во врска со европерспективата на државата, истакна дека целта е прво да ја завршиме домашната задача поврзана со Реформската агенда, а потоа останува на Европската Унија дали ќе продолжи да го билатерализира нашиот процес на пристапување.

– Македонскиот евроинтегративен пат е неминовно поврзан со волјата на 27 земји-членки, една од нив е и Бугарија. Знаете дека со нив имаме проблем, но ние имаме цел да си ја завршиме домашната задача, да се подготвиме, сите оние отворени прашања поврзани со Реформската агенда да ги завршиме, сите оние реформи што сме ги предвиделе да ги затвориме. Откако сето тоа ќе го направиме, тогаш ќе оставиме на 27 земји-членки да одлучат дали ќе го билатерализираат овој процес или ќе биде базиран на критериуми коишто ги имале сите земји коишто му пристапиле на овој сојуз, односно на ЕУ – рече Мицкоски.






Во Владата денеска одржа состанок посветен на Реформската агенда, на кој присуствуваа повеќе министри.

„Денеска одржавме состанок посветен на реформската агенда, на кој се разговараше за тековните приоритети, предизвици и за следните чекори за унапредување на реформските процеси“, објаваи премиерот на Фејсбук.

Поврзани содржини