Глобалната тинејџерска сензација Били Ајлиш со својот најнов спот за песната „Lost Cause“, покрена лавина коментари на социјалните мрежи.
Во својот најнов спот, американската пејачка и текстописец Били Ајлиш отворено флертува и се милува со девојки, а со својата последна објава на социјалната мрежа Инстаграм предизвика недоверба кај своите обожаватели.
Имено, Били објави фотографија и во описот напиша дека сака девојки. Нејзините обожаватели тоа веднаш го дочекаа со сомнеж и осуда, бидејќи откако пред неколку дена се фотографираше со своето момче, сметаат дека сега сето ова е маркетиншки трик на пејачката за да го промовира новиот спот.
Освен што познатата пејачка беше нападната од многумина на социјалните мрежи затоа што премногу ги откри градите и ги покажа нозете, што нормално ги крие, сега фановите се лути затоа што сметаат дека го злоупотребува статусот ЛГБТ + за да го промовира својот нов спот.
View this post on Instagram