ДЗСИ НЕ ИЗДАЛ РЕШЕНИJA ЗА ИЗОЛАЦИЈА НА УЧЕНИЦИ Се прават епидемиолошки анкети, а резултатите ќе бидат познати утре
Од Инспекторатот врлат дека сѐ уште работат на епидемиолошки анкети и податоци за евентуално позитивни ученици и нивни контакти ќе се знаат утре.
Државниот здравствен и санитарен инспекторат тврди дека нема издадено ниту едно решение за изолација на ниту еден ученик, откако беше објавено дека има позитивни ученици во неколку училишта во Скопје.
Од ДЗСИ за телевизија Телма велат дека нема издадено ниту едно решение за контакт со позитивен ученик и дека сѐ уште работат на епидемиолошки анкети и податоци за евентуално позитивни ученици и нивни контакти ќе се знаат утре.
Вчера, по пауза од година и пол, почна наставата со физичко присуство и во основните и во средните училишта, освен во Тетово и Гостивар, каде првите две недели средношколците ќе учат онлајн.