ДВОМЕСЕЧНО БЕБЕ ВО СРБИЈА ПОЧИНА ОД КОВИД-19 Лекарите шест недели се бореле за животот на најмладиот пациент
Како што информирале лекарите во болницата, животот на бебето згаснал по цели шест недели борба.
Двомесечно бебе починало како последица на коронавирусот на Детската клиника Тирсова во Белград, пренесуваат српските медиуми.
Како што информирале лекарите во болницата, животот на бебето згаснал по цели шест недели борба.
– За жал, првото бебе што беше хосиптализирано почина минатата недела. Двомесечното бебе почина по речиси шест недели борба за живот. Кај нас се сместени уште две бебиња со ковид-19 и нивната моментална состојба е стабилна. Едномесечното бебе е на интензивна нега, а другото бебе успеа да се опорави иако долго време беше на респиратор – изјавила д-р Снежана Рсовац.