ДВОЕЦОТ ЗАЕВ-ФИЛИПЧЕ ГО ДАДЕ ТОА ШТО БУГАРИЈА ГО БАРАШЕ 150 ГОДИНИ Кога Македонија ќе влезе во ЕУ, Бугарите ќе влезат во Уставот

Владата на Зоран Заев остави големи штети и покрај сите тогашни предупредувања, променето име, знаме, банкноти, а ние ги држиме македонската традиција и македонскиот идентитет по секоја цена, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов.

264

Наша должност, покрај тоа што имаме стабилен економски раст, 3 и пол пати поголем од тој што го имаа СДСМ, имаме 100% усогласена надворешна и безбедносна политика со Европската Унија, имаме законодавство коешто од сите кандидати е највисок степен усогласеност со ЕУ, останува да се грижиме за состојбите што ги имаме со Бугарија, но истовремено треба да мислиме и на потребите на државата, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, во дискусија за внесувањето на Бугарите во Уставот со одложено дејство.

– Кога се работи за Македонија, кога се работи за нашите предци и за нашите поколенија, мора многу сериозно, многу стратешки и многу мудро да се размислува. Не велиме никогаш нема да има Бугари во Уставот, велиме кога Македонците ќе ги внесеме во Европска Унија тогаш и Бугарите ќе влезат во нашиот Устав – рече Пренџов во гостување на телевизија Канал 5.






Пренџов истакна дека владата на Зоран Заев остави големи штети и покрај сите тогашни предупредувања, променето име, знаме, банкноти.

– Тоа што го бара Бугарија не е ново, тоа Бугарија го бара 150 години и ниту еден претходно не го направил тоа коешто го направи двоецот Заев и Филипче. Молевме и предупредувавме дека ќе завршиме во ќор сокак, дека на Македонецот му е доста од понижување. Ве молевме и предупредувавме дека покрај сменето име, презиме, банкноти, 20 пати Устав сменето, знаме сменето, не сакаме повеќе да бидеме луѓе коишто ќе си ја веднеме главата ќе молчиме, научени да губиме, а ништо да не добиваме. Ние сме нова политичка номенклатура, ние доаѓаме и ги држиме македонската традиција и македонскиот идентитет по секоја цена – дециден е Пренџов.

Поврзани содржини