ДВОДНЕВЕН ШТРАЈК НА „ЛУФТХАНЗА“ Се очекува откажување на летови од Минхен и од Франкурт
Најпогодени од штрајкот се главните сообраќајни центри во Франкфурт и во Минхен.
Пилотите на германската авиокомпанија „Луфтханза“ започнаа дводневен штрајк што предизвика сериозни нарушувања во воздушниот сообраќај.
Штрајкот, кој ги опфаќа пилотите на главниот бренд, како и на „Луфтханза карго“ (Lufthansa Cargo) и „Луфтханза ситилајн“ (Lufthansa CityLine), започна веднаш по полноќ и ќе трае 48 часа. Во авиокомпанијата „Евровингс“ (Eurowings), сите полетувања од германските аеродроми ќе бидат погодени само во текот на денешниот ден.
Се очекува откажување на стотици летови денеска и утре, при што најпогодени се главните сообраќајни центри во Франкфурт и Минхен. Ова е четврти бран штрајкови во групацијата од почетокот на годинава. Минатата недела, еднодневен штрајк на кабинскиот персонал доведе до масовни откажувања на летовите.
Штрајкот е организиран од синдикатот „Ферајнигунг Кокпит“ и се однесува на платите, пензискиот систем и надоместоците во регионалната подружница „Ситилајн“.
Од „Луфтханза“ оценија дека најавата за штрајк претставува ново ниво на ескалација во спорот. Летовите кон одредени дестинации на Блискиот Исток се изземени од штрајкот.