ДВОДЕМИЈАТА Ѝ СЕ ЗАКАНУВА НА ЕВРОПА Грипот се враќа на голема врата

Дводемијата би можела да предизвика дополнителен притисок за здравствените системи во Европа, кои и онака едвај се справуваат со заболените од ковид-19.

733

Грипот се врати во Европа побрзо од очекуваното, откако минатата зима како воопшто и да го немаше помеѓу европската популација, па сега здравствените власти широм континентот стравуваат дека во комбинација со ковид-19 ќе биде предизвикана т.н. дводемија.

Локдаунот, носењето на маски и физичката дистанца доведоа до слабо ширење на сезонскиот грип во текот на минатата година, но како што се вели во исвештајот објавен од агенцијата Ројтерс, поголемиот дел од Европа годинава е со значително олабавени мерки, па со сигурност ќе дојде и до рапидно зголемување на бројот на новозаразени.






Бројот на лица заразени со грип започна да се зголемува во декември, а според објавените резултати, заразеноста со грип е сè уште мала во споредба со бројот на заразени со коронавирусот, но сепак тоа претставува загриженост кај лекарите.

Дводемијата би можела да предизвика дополнителен притисок за здравствените системи во Европа, кои и онака едвај се справуваат со заболените од ковид-19.

Поврзани содржини