Двоброј на списанието „Зенит“ посветен на Горан Стефановски

Списанието излегува двапати годишно, но поради пандемијата последните два броја излегоа како двоброј на околу 270 страници.

328

Двобројот на списанието за наука, литература, култура и уметност „Зенит“ на Здружението „Иван Василевски“ од Струмица, кое излезе од печат деновиве, е посветено на Горан Стефановски.

Во него се сместени последните необјавени записи на големиот македонски драмски писател, необјавени или подзаборавени интервјуа со него, разговори со негови соработници, но и научни трудови за неговите драми.






Освен овој специјален дел, застапени се и веќе препознатливите рубрики со интервјуа, есеи, критика, поезија, проза, уметнички дела и фотографии, како и осврти за нив.

Списанието излегува двапати годишно, но поради пандемијата последните два броја излегоа како двоброј на околу 270 страници.

„Зенит“ има меѓународна редакција во која, покрај домашни автори и книжевници, учествуваат и автори од Хрватска, Србија, Австрија и Полска.

Објавувањето на списанието го финансира Општина Струмица.

Поврзани содржини