ДВОЈНО УБИСТВО ВО ТАБАНОВЦЕ? Сопружници со повреди и починати биле најдени дома

Денеска во 8:20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во нивниот дом во село Табановце, Кумановско, биле пронајдени починати, со повреди, Б.С.(36) и Б.С.(43).

1,528

Две лица починати, со повреди, се пронајдени во нивниот дом во кумановското село Табановце, соопштија денеска од полицијата.

– Денеска во 8:20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во нивниот дом во село Табановце, Кумановско, биле пронајдени починати, со повреди, Б.С.(36) и Б.С.(43) од селото – соопштија од МВР.






Станува збор за маж и жена на возраст од 43 и 36 години.

Полициските екипи се на местото и во координација со Основно јавно обвинителство Куманово се врши увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Од полицијата и од Јавното обвинителство најавија повеќе информации во текот на денот.

Со цел утврдување на причините за смртта на двајцата сопружници јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телата на починатите, како и наредба за вештачење на пронајдените траги и материјални докази на лице место.​

Поврзани содржини