ДВОЈНО УБИСТВО НА РУЗВЕЛТОВА ВО КАРПОШ Скопјанец си ги заклал мајка си и баба си

Како што информираше полицијата, 40-годишен маж ги заклал својата 60-годишна мајка и својата 80-годишна баба.

2,583

Попладнево, околу 14:30 часот се случило двојно убиство во скопската населба Карпош, односно во стан на улицата Рузвелтова, потврди Министерството за внатрешни работи (МВР).

Како што информираше полицијата, 40-годишен маж ги заклал својата 60-годишна мајка и својата 80-годишна баба.






– Денеска околу 14.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода М.Ј.(40) од Скопје, поради сомнение дека околу 14.20 часот во стан на улицата Рузвелтова со остар предмет ги нападнал неговата мајка и баба на возраст од околу 60 и 80 години, кои од здобиените повреди починале. По целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава – велат од МВР и најавуваат детали за утре.

Поврзани содржини