Двојно преплатените маски купени од Борисов одат во обвинителството

Стандардните практики се заобиколени, а потпишувањето на договорот, фактурирањето и плаќањата се случиле во рок од еден ден.

338

Материјалите од инспекцијата на Министерството за здравство на Бугарија за респиратори, маски и лекови купени од Кина за периодот на епидемијата од 13 мај минатата година одат во обвинителството. Ова го најави бугарскиот заменик министер за здравство Димитар Петров.

Инспекцијата покажала дека станува збор за нетранспарентни процедури и повисоки – двојно и тројно – цени од пазарните. Стандардните практики се заобиколени, а потпишувањето на договорот, фактурирањето и плаќањата се случиле во рок од еден ден.






– Заедничкиот именител помеѓу овие постапки зборува за крајно нетранспарентно управување во министерството во овој период. Основните процедури и нормативни акти за дејноста на Министерството за здравство не се исполнети – изјави Петров за Бугарското национално радио.

 

Поврзани содржини