ДВОЈНО ПОВЕЌЕ АМЕРИКАНЦИ ПОЧИНАЛЕ ОД КОРОНА, ОТКОЛКУ ВО ВОЈНАТА Цел еден Вашингтон починал за две години
Ако земеме предвид дека САД брои над 330 милиони жители, тоа значи дека две лица од секои 1.000 граѓани починале, односно има 2.000 починати на милион луѓе.
Двојно повеќе Американци загинале од коронавирусот отколку во Втората светска војна, пишува Би-Би-Си, а бројката надмина 800.000 и се движи кон милион. За споредба, тоа се повеќе луѓе отколку што живеат во Вашингтон или во Бостон. Најмногу починати има меѓу невакцинираните и меѓу постарите лица, а вкупниот број на заразени достигна 50 милиони во понеделникот.
Во однос на смртните случаи по глава на жител, САД во моментов на 20-то место во светот, по неколку јужноамерикански и европски земји, велат податоците на Универзитетот Џон Хопкинс. Последните 100.000 смртни случаи во САД дојдоа само во изминатите 11 недели, со побрзо темпо од кој било друг настан, настрана од бранот минатата зима.
– Брановите на болеста што ги гледаме ќе продолжат сè додека колективниот имунитет не биде доволно висок за да ги спречи. Едноставно, сè уште не сме таму – рече д-р Кери Алтоф, епидемиолог од Факултетот за Блумберг.
Ако земеме предвид дека САД брои над 330 милиони жители, тоа значи дека две лица од секои 1.000 граѓани починале, односно има 2.000 починати на милион луѓе.
По САД следни на списокот држави со највисока смртност се Бразил, со повеќе од 616.000 смртни случаи и Индија, која брои над 475.000 смртни случаи.