Најмал број загинати на македонските патишта во пандемиската година

178

Вкупно 125 лица загинале на патиштата во РС Македонија во текот на 2020 година, а во периодот од јануари до декември истата година се случиле вкупно 7223 сообраќајни незгоди. Во споредба со 2019 година бројот на сообраќајни незгоди е намален за шест проценти, додека во споредба со 2013 година оваа бројка бележи намалување за повеќе од 35 проценти.

Министерот Оливер Спасовски неодмна на својот фејсбук профил објави дека во јануари 2021 имаме намалувањето на жртвите од сообраќајни незгоди за 56 отсто, споредено со јануари минатата година.






Спасовски најави дека во план е изработка на мапа на црни точки односно места каде во 2020 година најчесто се случувале сообраќајни незгоди со тешки последици.

Од Министерството за внатрешни работи секојдневно потенцираат дека засилените контроли продолжуваат во континуитет, но апелираат и до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи да бидат одговорни возачи.

Во 2020 година се бележат 62,5 загинати во сообраќајни незгоди на еден милион жители. На ниво на Европска унија во 2020 година просекот е 42 загинати на еден милион жители. Рекордер по безбедноста на сообраќајот со најниска стапка е Шведска со само 18 загинати на еден милиони жители, а најлошо рангирана е Романија со 85 загинати во сообраќајни незгоди на еден милион жители.

Кога станува збор за пандемијата и нејзиното влијание на безбедноста на сообраќајот, се смета дека  веројатно таа влијаела на намалување на бројот на сообраќајни незгоди, но тоа е тешко да се измери и докаже.

Поврзани содржини