ДВОЈНО ДА ЈА ЗГОЛЕМИМЕ БОРБАТА СО КОРУПЦИЈАТА И ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ Пендаровски со одлучна порака на виртуелниот самит на Бајден (ВИДЕО)
Заеднички да го браниме нашиот начин на живот од авторитарни држави и ентитети, на решителен и координиран начин. Двојно да ги зголемиме нашите напори во борбата против корупцијата и организираниот криминал бидејќи тие го нарушуваат владеењето на правото и довербата на јавноста во демократијата и, како такви, претставуваат закана за националната безбедност. Да ги заштитиме човековите права и слободи преку градење на цврсти, одговорни институции, силно граѓанско општество и слободни медиуми.
Ова го кажа претседателот Стево Пендаровски, во неговото обраќање на пленарната сесија на Самитот за демократија, кој се одржува виртуелно во организација на претседателот на САД, Џо Бајден.
На дводневниот самит учествуваат шефови на држави и влади, владини претставници, претставници на меѓународни и граѓански организации, како и од приватниот сектор.
Погледнете го обраќањето на Пендаровски: