ДВОЈНИКОТ НА ПУТИН СТРАВУВА ЗА СВОЈОТ ЖИВОТ Во мојот град живеат многу Украинци и се плашам дека ќе ме нападнат
Сличноста на Славек со Путин е толку голема што тој со години живее имитирајќи го рускиот претседател. Но, очигледно, сега таа негова сличност не му е толку драга.
Славек Собала од Полска стравува за својот живот поради неговата огромната физичка сличност со рускиот претседател Владимир Путин.
Сличноста на Славек со Путин е толку голема што тој со години живее имитирајќи го рускиот претседател. Но, очигледно, сега таа негова сличност не му е толку драга.
Инаку, Славеј е сопственик на транспортна компанија и во исто време се претставува низ светот како Путин.
– Пред да започне војната во Украина воопшто не се плашев за мојата безбедност на улица, но сега многу се плашам бидејќи во нашиот град Вроцлав има многу луѓе од Украина кои работат и се плашам дека ќе ме нападнат кога ќе ме видат – се пожалил Славек за „Дејли Стар“.
Тој тврди дека неговата перцепција за Путин сега е променета.
– Многу го почитував, но сега мислам дека направи многу зло и не знам како ќе го имитирам во иднина – истакнал Славек.