Во ноќта од недела кон понеделник беше престижното доделување на „Еми“ наградите, а двете водителки не присуствуваа на тоа поради позитивните тестови за коронавирусот, пишува „Дејли мејл“.
Познатата американска водителка Џулијана Ранчиќ (46), која се омажи за претприемачот со хрватски корени Бил Ранчиќ (49), на социјалните мрежи откри дека целото нејзино семејство е позитивно на ковид-19.
– Работам како водителка 20 години и никогаш не сум пропуштила ниту една церемонија на доделување награди, но оваа година е поинаква – рекла Ранчиќ. Таа работи за медиумската куќа „Е!“, која побара сите вработени да бидат тестирани за коронавирусот пред да присуствуваат на доделувањето на наградите.
Ранчиќ е благодарна што дознала дека е позитивна пред да патува и да ги изложува другите луѓе на опасностите од заразата. Таа исто така рече дека нејзиниот сопруг Бил и синот Едвард (8) се исто така позитивни, но, дека тие се чувствуваат добро.
Вивица А. Фокс, 56, е втората несудена водителка на овогодинешните награди „Еми“, која е исто така позитивна коронавирусот.
– Ужасно ми е жал што не можам да бидам со моето „Е!“ семејство вечерва. За жал, јас сум позитивна на коронавирус, затоа сум во домашна самоизолација – рекла Вивица. Наградите на крајот ги водеа Нина Паркер и Бред Горески.