ДВЕТЕ ГОЛЕМИ ПАРТИИ НЀ ЗАЛАЖУВААТ СО БОНБОНЧЕ Воведувањето една изборна единица ѝ е потребно на Македонија

Лидерот на Достоинство истакна дека на разговорите со владините коалициски партнери била отворена и темата за воведување само една изборна единица, но како што вели, очигледно не постои искрена волја кај поголемите политички субјекти.

1,598

Можноста за воведување само една изборна единица е бонбонче со коешто со години нè лажат двете најголеми партии во земјава, рече лидерот на Достоинство и прв човек на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, во вечерашното гостување во „Само вистина“ на Канал 5.

Тој истакна дека на разговорите со владините коалициски партнери била отворена и темата за воведување само една изборна единица, но како што вели, очигледно не постои искрена волја кај поголемите политички субјекти.






– Ако долниот праг биде висок, тоа значи дека ние помалите партии ништо не сме направиле. СДСМ даде навидум поддршка, но не и ВМРО-ДПМНЕ. Затоа сметам дека мора двете најголеми политички партии да се договорат меѓусебно. Невозможно е да се освојат 9.000 гласови во само една изборна единица. Влегувањето на пратеници од помалите политички партии значително ќе го усложни процесот на формирање влада, а и токму тоа ѝ е потребно на државата, да влезат различни луѓе – истакна Ангелов.

Поврзани содржини