ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ УМРЕ ВО ЗАКЛУЧЕН АВТОМОБИЛ ОСТАВЕН НА СОНЦЕ Мајката го заборавила цели 2 часа
Детето останало заклучено во автомобилот повеќе од два часа на сонце и починало. Ова е прва смрт од ваков вид во Словенија досега.
Словенечката полиција ја уапси мајката на детето кое умре „заборавено“ во заклучен и прегреан автомобил.
Станува збор за момче кое имало неполни две години, а покрај мајката, уапсен е и нејзиниот партнер.
Ним им е одреден 48-часовен полициски притвор.
„Никогаш не оставајте дете во автомобил без надзор на возрасен. Никогаш, ниту за минута, не оставајте никого во затворен, паркиран автомобил“, предупредуваат од словенечкиот Институт за јавно здравје.
Мајката и нејзиниот партнер се во притвор од 48 часа поради сомнение за сторено кривично дело смрт од небрежност, за што им се заканува казна затвор од шест месеци до пет години.
Детето останало заклучено во автомобилот повеќе од два часа на сонце и починало. Ова е прва смрт од ваков вид во Словенија досега.
И покрај укажаната прва помош и пристигнувањето на хеликоптер на словенечката армија од Марибор, детето починало.