ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ ПАДНА ОД ЧЕТВРТИ КАТ Што правело на тераса во 1 часот по полноќ?

Детето било пренесено на Ургентен центар, има тешки телесни повреди и е сместено на одделот за интензивна нега на Клиниката за детска хирургија.

955

Двегодишно дете паднало од тераса од четврти кат синоќа во скопската населба Аеродром, потврди полицијата.

Детето било пренесено на Ургентен центар, има тешки телесни повреди и е сместено на одделот за интензивна нега на Клиниката за детска хирургија.






„На 22.06.2022 во 00.47 часот во СВР Скопје било пријавено дека двегодишно дете паднало од четврти кат од зградата во која живеее. Според пријавеното, додека родителите биле во станот, детето излегло на оградената тераса и се качило на стол, по што паднало. На детето му била укажана лекарска помош на детската клиника во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот, соопштија од МВР.

Поврзани содржини