ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ Е ВО БОЛНИЦА, МАЈКА МУ ЗАГИНА Стравична сообраќајка на срспко семејство кај Солун

1,707

Сообраќајна несреќа вчера се случи во Грција во која едно лице загина, додека други две се тешко повредени.

Несреќата се случила вчераутро кога директно се судриле автомобил од Србија и автобус, јавува Нова.рс.






Грчките медиуми јавија дека во несреќата се повредени татко, мајка и дете. Жената од повредите починала денеска во болница и покрај напорите на лекарите да го спасат нејзиниот живот. Мажот (41) е од Србија, додека мајката по потекло е од Хрватска, пишува Нова.рс.

Двегодишното дете кое беше повредено во несреќата итно е префрлено во болница во Солун.

Полицијата во Грција работи на утврдување на околностите кои довеле до несреќата.

Поврзани содржини