ДВЕГОДИШНИОТ МАТЕЈ, НАЈМЛАД ЧЛЕН НА ДЕЛЕГАЦИЈА НА „ТЕРА МАДРЕ“ ВО ТОРИНО На менито сѐ, од мајчино млеко до јагнешка чорба
На долгиот пат од 1800 километри во еден правец, од Битола до Торино и уште толку назад, малиот Матеј беше најмладиот член на делегација на овој голем меѓународен настан за храна. Патуваше како и повеќето од нас, со автобус, а јадеше „слоуфудовски“, од сѐ по малку, од мајчино млеко до јагнешка чорба
Двегодишниот Матеј беше најмладиот член на делегацијата на Слоу фуд Македонија (непрофитна организација која промовира добра, чиста и правична храна и ја поддржува локалната занаетчиска гастрономија), но и генерално, најмлад член на делегација на најголемиот меѓународен саем за храна Тера Мадре Салон дел Густо, кој се одржуваше во периодот од 22 до 26 септември во Торино.
Неговата мајка Елена Каровска Гошевска е „стара“ слоуфудашка, а како што дознавме подоцна, неговата баба по татко е меѓу првите активисти на Слоу фуд во Македонија. Секако, не е покусо ниту бабата по мајка која во Слоу фуд ја вовела нејзината ќерка Елена, а сега е активна членка и воедно, производителка на буковска пипер.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.