ДВЕ ЖЕНИ СЕ ЗАТРУЛЕ ВО КУЈНА ВО ШТИП Се претпоставува дека вдишиле природен гас

Инцидентот е пријавен денеска околу пладне во СВР Штип, а според пријавеното, ним им се слошило додека биле на работа во кујна за подготовка на храна, по што биле пренесени во Комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје.

965

Две жени на 52-годишна возраст најверојатно се затруле со гас во кујна во Штип. Тие денес биле примени во штипската Клиничка болница, а потоа препратени во Клиниката за токсикологија при Клиничкиот центар Мајка Тереза” во Скопје.

Пациентките С.К. и С.Ш. се прегледани во Дежурна амбуланта и примени на Одделот за интензивна нега со стабилни витални параметри и надвор од животна опасност, велат медицински извори.






Инцидентот е пријавен денеска околу пладне во СВР Штип, а според пријавеното, ним им се слошило додека биле на работа во кујна за подготовка на храна, по што биле пренесени во Комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје. За случајот е известен Јавен обвинител, а увидот е во тек, велат од СВР Штип.

Од Токсикологија, пак за ТВ 24 брифирале дека жените се надвор од животна опасност, контактибилни и стабилни, но и дека немаат знаци на труење со гас. За што всушност станува збор и дали навистина имало труење со гас, треба да покаже истрагата.

 

Поврзани содржини