ДВЕ ЖЕНИ ПРИЈАВИЛЕ ФИЗИЧКИ НАПАД Скопјанка и прилепчанка се спротивставиле на тепањето на нивните сопрузи

Од министерството за внатрешни работи јавуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.

90

Две жени вчера пријавиле дека биле физички нападнати од нивните сопруг и партнер, а од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Едниот случај е во Скопје, каде што 53-годишна жена пријавила дека вчера во домот на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот сопруг М.И. Додека, другиот во Прилеп, каде што 33-годишна жена пријавила дека на 19. месецов околу 21 часот била физички нападната од нејзиниот партнер А.В. кој исто така ѝ се заканувал со остар предмет.






Дополнително, Од МВР информираат дека вчера во СВР Струмица М.Г.(38) од село Василево пријавил дека околу 21 часот бил физички нападнат од неговиот сосед Д.Р. и неговата сопруга, а претходно му оштетиле и стакло од неговиот дом. И за овој случај се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини