ДВЕ ЖЕНИ ОГРАБЕНИ ВО АВТОБУС Насилници напаѓаат патнички во скопскиот јавен превоз
Две жени за еден ден беа ограбени во автобуси во Чаир и во Центар, случаите се под полициска истрага.
Две кражби со насилство се случија за само еден ден во скопските автобуси, а жртви беа жени во Чаир и во Центар.
Во првиот случај, 48-годишната М.К. од Скопје пријавила дека додека се возела во автобус на подрачјето на Чаир, од нејзината чанта бил одземен паричник со пари, лични документи и други предмети.
Истата вечер, во Центар, 20-годишната В.З. од Скопје изјавила дека додека излегувала од автобус, едно лице со употреба на сила ѝ го одзело личниот накит.
Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на двата случаи.