Две жени од Штип заболени со британскиот сој на ковид-19

Началникот на ковид центарот, Дијана Шишкова за МИА изјави дека пациентката е со средна тешка клиничка слика и веднаш, откако биле информирани од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ), е изолирана во друга соба.

370

Штипјанка на возраст од 70-ина години е првиот пациент со британскиот сој на коронавирусот на Инфективното одделение во Штип.

Началникот на ковид центарот, Дијана Шишкова за МИА изјави дека пациентката е со средна тешка клиничка слика и веднаш, откако биле информирани од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ), е изолирана во друга соба.






Инаку пациентката на ова одделение се лекува веќе пет дена и добива кислородна поддршка. Од штипскиот ЦЈЗ потврдуваат дека вчера биле информирани и за втор случај со британскиот сој на коронавирус во градот. За таа цел се прават анкети, со цел да се утврди од каде пристигнал мутираниот вирус, дали од странство или при контакт со некој близок во земјава.

На штипското Инфективно одделение од почетокот на годината бележат пад на бројот на хоспитализирани пациенти. Во текот на денешниот ден имаат 29 и според инфектолозите забележително е дека овие денови повеќето од пациентите на кои им е потребно болничко лекување доаѓаат од Делчево и од Пробиштип.

Поврзани содржини