МАРИХУАНА ВО ГОЛФ – На 28.10.2020 околу 01.10 часот, во тетовско Горно Палчиште, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода А.А.(33) од тетовско Јеловјане, затоа што при негов и преглед на возилото „фолксфаген голф“, со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена марихуана. А.A. е задржан во Полициската станица Тетово и ќе следува соодветен поднесок.
ФАЛСИФИКУВАН БРОЈ НА ШАСИЈА – На 27.10.2020 околу 13.40 часот, на крстосницата на улиците „Видоја Смилевски-Бато“ и „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 28-годишниот тетовец М.А., поради сомнение дека неговото возило „мерцедес“, со тетовски регистарски ознаки, има фалсификуван број на шасијата. Возилото со потврда му е одземено.
ПРИВЕДЕН СКОПЈАНЕЦ – На 27.10.2020 во 16.40 часот од страна на полициски службеници од ЕВР – ОКР Ѓорче Петров приведен е Ј.Ч. (41) во Скопје за издржување казна затвор. Лицето е спроведено во КПУ Затвор Скопје.
ПОЧИНАТ ТРАКТОРИСТ – На 27.10.2020 во 16.10 часот било пријавено дека на локалниот пат кон с.Крњево, при вкрстувањето со локален пат за с.Барово, кавадаречко, трактор марка „ИМТ 533“, со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Г.Н.(37) од Кавадарци, излетал од коловозот. Г.Н. починал на местото на незгодата. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.
КАСНАТА ОД КУЧЕ НА КЕЈ – На 27.10.2020 во 11.30 часот во Полициската станица Центар, Е.Г.(42) од Скопје пријавила дека на кеј на реката Вардар била касната од куче скитник.
КУЧИЊАТА КАСААТ ВО ДРАЧЕВО – На 27.10.2020 во 12.30 часот во Полициската станица Драчево, Л.З.(51) од Скопје пријавила дека во близина пазарот во населбата Драчево била касната од куче скитник.
(ИЗВАДОК ОД БИЛТЕНОТ НА МВР ОД 28.10.2020)