ДВЕ ЖЕНИ ГЛЕДАЛЕ ПАРТАЛЧИЊА ВО ПРОДАВНИЦА, А ТОЈ ИМ ГИ ЏАПНАЛ МОБИЛКИТЕ Ако украде телефон во притвор, мајстор е!
Од џебот на патник во преполн градски автобус, крадецот одзел мобилен телефон вреден 20.000 денари.
Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека повело постапка против 43-годишен скопјанец, за кого постои основано сомнение дека сторил три кривични дела – Тешка кражба по член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик.
Во текот на претходната постапка биле обезбедени докази дека осомничениот на 20 и 26 октомври 2022, во продавница за облека во Градскиот трговски центар во Скопје, искористил невнимание на две жени и им ги одзел мобилните телефони, од кои едниот во вредност од 20.000, а другиот вреден 77.000 денари.
На 23 март годинава, осомничениот искористил што градски автобус кој се движел по булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов” бил преполн, па од џебот на еден патник одзел мобилен телефон вреден 20.000 денари.
Оценувајќи дека постои опасност од бегство на осомничениот, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и определи притвор во траење од 8 дена.