📷 ДВЕ ТРАФОСТАНИЦИ ПРЕДИЗВИКАА ДЕЛ ОД СКОПЈЕ ДА БИДЕ ВО МРАК Невремето го направи своето, Електродистрибуција работи на враќање на струјата
Oд Електродистрибуција велат дека сериозна штета во дистрибутивната мрежа предизвикало невремето попладнево во Скопје и дека засилени екипи на претпријатието се на терен за да го нормализираат снабдувањето со електрична енргија.
Причината што вечерва дел од Скопје е без електрична енергија е што два 110-киловолтни далекуводи кои ги снабдуваат трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“ се без напон.
„Денешното невреме во Скопје предизвика сериозна штета во дистрибутивната мрежа. Засилени екипи на Електродистрибуција се на терен. Во моментов два 110кВ далекуводи кои ги снабдуваат трафостаниците “Аеродром” и “Исток” се без напон“, се вели во соопштението.
Оттаму велат дека сериозна штета во дистрибутивната мрежа предизвикало невремето попладнево во Скопје и дека засилени екипи на Електродистрибуција се на терен за да го нормализираат снабдувањето со електрична енргија.
Краткото, но силно невреме во Скопје кое беше проследено со град и грмотевици кутна повеќе дрвја во Општина Аеродром и на булеварот Александар Македонски каде имаше застој во делот од Ист Гејт Мол до надвозникот кај Хиподром.