ДВЕ СУПЕРМЕСЕЧИНИ И ДВЕ ЗАТЕМНУВАЊА 2022 година ќе биде полна со изненадувања

Иако дефиницијата за супермесечина варира меѓу експертите и во книгите за астрономија, повеќето сметаат дека тоа е полна месечина што се движи на помалку од 360.000 километри од Земјата во најблиската точка на нејзината орбита, позната како перигеј.

978

Две од 12-те полни месечини кои ќе светат на небото во 2022 година ќе бидат „супермесечини“, на 14 јуни и 13 јули. Тоа е моментот кога Месечината се чини дека е малку поголема и посветла од обична полна Месечина поради тоа што навистина е поблиску до Земјата. Но, истовремено, две месечини ќе бидат затемнети, односно невидливи, на 15 мај и 8 ноември.

Иако дефиницијата за супермесечина варира меѓу експертите и во книгите за астрономија, повеќето сметаат дека тоа е полна месечина што се движи на помалку од 360.000 километри од Земјата во најблиската точка на нејзината орбита, позната како перигеј.






Од друга страна, за време на затемнувањето на Месечината, светлината што се рефлектира од сонцето ќе направи Месечината да изгледа како да свети во ‘рѓосана портокалова или црвеникава боја. Затоа многу луѓе овој тип на полна месечина го нарекуваат „крвава месечина“.

Поврзани содржини