Обвинетите вo Струмица на 27 и 28 февруари во повеќе наврати за време на епидемија на опасната заразна болест коронавирус COVID-19 , не постапиле според посебните мерки за заштита на населението од заразни болести и определените мерки за сузбивање и спречување на заразна болест, како и донесените Решенија на Државниот санитарен и здравствен инспекторат со кои обвинетите се ставаат под здравствен надзор. Мерките им биле определени бидејќи имале престој во Пјаченца, Италија.
На 27.02.2020 и 28.02.2020 година, обвинетите во одделни случаи се симнале од станот во кои се спроведувале мерките за изолација пред станбениот објект, каде биле пресретнати од полициски службеници и предупредени да се вратат во живеалиштето и да ги почитуваат мерките. Обвинетите со вербална расправија се спротивставиле на службените лица, а предупредувањата не ги почитувале.