ДВЕ РЕСЕНЧАНКИ ПАЛЕЛЕ МОТОР И СЕ ПОВРЕДИЛЕ Моторот им паднал при тргнување
На битолчанец му избил пожат на возилото „бмв“ во возење, но успеал да го угасне.
Лекар од ЈЗУ Здравствен Дом Ресен вчера пријавил во ОВР Ресен дека во село Езерани, ресенско имало повредено две девојки М.Н.(20) и Е.Н.(22) од село Езерани кои се обиделе да стартуваат мотор, при што паднале и се здобиле со телесни повреди.
Во СВР Битола вчера било пријавено дека на ул. „11-та Македонска дивизија” во Битола Н. Д.(69) од село Штрбово, ресенско, додека го управувал своето патничко моторно возило марка „бмв” со ресенски регистарски ознаки, возилото се запалило, а Н.Д. го изгасил пожарот. Повредени лица нема, информира СВР Битола.