Две нови бомби за Ден Дончев: Како се испумпани милиони евра од Македонија?!

3,893

На платформата на Јутјуб каналот попладнево се објавени две нови аудио бомби со наслов „Како се крадат пари од Македонија – лекција 1 и лекција 2 од Ден Дончев родум Муртино“.

На снимките може да се слушне гласот на Ден Дончев, како открива дека во последните три до четири години од Македонија во Швајцарија на нелегален начин се изнесени од 10 до 15 милиони евра.






– После јас седнав, го замолив Зоки, Зоки ми даде пас, па им пуштавме полиција, па после Медарски тоа, овоа, знаеш, сака да најде решение – се слуша гласот на Дончев во првата бомба во која тој тврди дека на незаконски начин биле префлени од Македонија, петнаесетина милиони евра без да се плати данок.

Дончев, во втората бомба насловена „Лекција 2“  раскажува дека, инволвираните прво ја направиле фирмата загубар и на име на авторски права биле испумпани 10 милиони евра.Тука повторно го спомнува адвокатот Медарски.

– Знаеш што е само работата значи, јас побарав од Зоки да пуштиме инспекција веќе ми пукна филм ме мафтаа отидоа снимаа и има кривичен наод против овој и тогаш они го ангажира Медарски да ургира кај Заев и сега Медарски од една страна јас од друга страна…Имаат испумпано милиониски суми од тука ја имаат направено фирмата загубар, а 10 милиони евра пумпаат на име авторкси права – вели гласот за кој се тврди дека е на Дончев.

Поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Ден Дончев попладнево бил на разговор во полициска станица Карпош, уредно се пријавил сам, а по извршениот разговор, си заминал, информираат од МВР.

Поврзани содржини