На Јутјуб каналот Fenix A1 се објавени две нови „бомби“ во кои се зборува за затворањето на А1 телевизија.
Во првата „бомба“ се слуша разговор наводно помеѓу тогашниот премиер Никола Груевски и тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска а во разговорот преку интерфон учествува и тогашниот обвинител Љупчо Шврговски.
Втората „бомба“ открива разговор наводно помеѓу Драган Павловиќ Латас и тогашниот директор на УЈП, Горан Трајковски.
Според изнесеното од Јанкулоска, Управата за јавни приходи немала за цел да го наплати долгот од 7 милиона евра од А1 ТВ, кои според властите бил стекнат врз основа на затајување данок, туку дека целата операција се водела со цел да се изгасне телевизијата.