ДВЕ НЕДЕЛИ ЗА МИР ВО УКРАИНА Оружјето ќе молчи, збор имаат преговарачите во Берлин

По осумчасовните разговори во Елисејската палата, политичките советници од Русија, Украина, Франција и на Германија се согласиле дека треба да се размислува за прекин на огнот во источна Украина, соопштил специјалниот претставник на Русија.

3,164

Русија и Украина ќе ги продолжат разговорите со француско-германско посредништво за две недели во Берлин, соопштено е синоќа во Париз, каде што се одржа состанок на претставници на Франција, Германија, Русија и Украина.

До ваков развој на ситуацијата дојде откако американскиот вчера потврди дека писмениот одговор на Вашингтон на барањата на Русија за безбедносни гаранции го отвора патот за дипломатско решение на кризата, доколку Москва го сфати сериозно.






Блинкен изјави дека документот доставен вчера до Русија содржи „принципиелна и прагматична“ проценка на руските барања, додавајќи дека одговорот е целосно координиран со Украина и со европските сојузници на Вашингтон. Тој додаде дека сега сѐ зависи од Русија и од нејзиниот одговор.

Исходот од разговорите во Париз е одговорот што се очекуваше. Специјалниот претставник на Русија за решавање на украинскиот конфликт, Дмитриј Козак, изјави дека разговорите во Париз „не биле лесни“. „И покрај разликите, примирјето мора да се почитува, како од страна на припадниците на украинските безбедносни сили, така и од проруските бунтовници во источна Украина“, додаде Козак по состанокот во Елисејската палата.

По осумчасовните разговори, политичките советници од Русија, Украина, Франција и на Германија се согласиле дека треба да се размислува за прекин на огнот во источна Украина, им кажал Козак на новинарите, додавајќи дека многу прашања поврзани со воспоставувањето мир останале нерешени.

За две недели во Берлин ќе се одржи нова средба на четирите земји во нормандиски формат. Извор од Елисејската палата изјави дека средбата била успешна и дека Русија се обврзала повторно да се вклучи во процесот. Тој смета дека ова е чекор кон намалување на тензиите и објаснул дека дека во сегашниот контекст е клучно да има договор за безусловен прекин на огнот.

Претходно, Вашингтон јасно стави до знаење дека не доаѓа во предвид исполнувањето на руските барања НАТО да ги повлече трупите и оружјето од Источна Европа и да ѝ забрани на Украина некогаш да се приклучи на Алијансата. Блинкен кажа дека е подготвен да разговара и за други теми, како што се контрола на оружјето и мерките за градење доверба.

Во односите на Русија со НАТО и САД постојат високи тензии откако Русија на границата со Украина стационира околу 100.000 војници, опколувајќи ја земјата со свои сили од север, исток и југ. Русија негира дека планира инвазија.

 

Поврзани содржини