Двејн Џонсон втора година по ред најплатен актер во светот

356

Двејн Џонсон (48) или популарниот „Карпа“ (The Rock) втора година по ред е прогласен за најплатен актер втора, пишува магазинот „Форбс“. Тој поранешен борач, наводно, заработил 87,5 милиони долари во периодот помеѓу 1 јуни 2019 година и 1 јуни 2020 година, вклучително и 23,5 милиони американски долари од трилерот „Red Notice“ на Нетфликс. Тој исто така остварил заработувачка и од неговата фитнес линија „Project Rock“ за компанијата Under Armor Inc.

Кога ќе се собере заработката на првите десет најплатени актери во изминатата година, излегува дека заедно тие заработиле 545,5 милиони долари, а една четвртина од таа сума доаѓа од „Нетфликс“, пишува „Форбс“ и јавува Би-би-си.






Рајан Рејнолдс, кој глуми со Џонсон во „Red Notice“, се најде на второто место на ранг-листата на престижниот „Форбс’ на машки sвезди. За тој филм Рејнолдс заработил 20 милиони долари, плус уште 20 милиони долари за филмот на „Нетфликс“, „Six Underground“, тврди магазинот и додава дека тоа е дел од вкупно 71,5 милиони долари за период од една година (јуни 2019/јуни 2020).

Поврзани содржини