ДВЕ МОМЧИЊА ГО ЗАКЛАЛЕ СОСЕДОТ ВО КРИВОПАЛАНЕЧКО Телото го запалиле и го закопале

778

СВР Куманово поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Ф.(19) и З.Ф.(24), двајцата од село Луке, кривопаланечко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

„На 24.03.2025 во с. Луке, кривопаланечко, пријавените се договориле да извршат кражба на нивниот сосед Љ.С. и го намамиле да излезе во дворот, при што првопријавениот го нападнал со остар предмет. Од здобиените повреди, тој починал на местото, по што му одзеле пари и телото го запалиле, додека остатоците ги закопале. Од судија на претходна постапка на пријавените им е определена мерка притвор“, информира МВР.

Поврзани содржини