Две малолетнички силувани во Штип и во Кочани

Се работи на комплетирање на случајот по што против Х.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава - се вели во соопштението на СВР-Штип.

372

Две малолетнички во Штип и Кочани биле силувани, а случаите ги пријавиле нивни роднини. Според крими билтенот на СВР-Штип вчера во 13.20 часот во Полициска станица-Штип, 57 годишна жена од Штип пријавила дека претходниот ден околу 16 часот малолетно лице извршило обљуба врз нејзината малолетна внука. Вториот случај е во Кочани пријавен е вчера во 14.30 часот.

– Четирисет и две годишен маж пријавил дека околу 00.30 часот, Х.Н. извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. Се работи на комплетирање на случајот по што против Х.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР-Штип.

Поврзани содржини