ДВЕ МАЛОЛЕТНИЧКИ СЕ СТЕПАЛЕ Во тепачката се вмешал и таткото на една од девојките
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Тепачка меѓу малолетни девојчиња се случила во струмичкото село Старо Балдовци, а во тепачката се вклучил и таткото на едно од децата, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
„На 21.06.2022 во 22.30 часот во Полициската станица Струмица, Ѓ.И.(41) од Струмица пријавила дека околу 19.20 часот во село Старо Балдовци, струмичко, по претходна физичка пресметка на нејзината малолетна ќерка со друга малолетничка, нејзината ќерка била физички нападната од таткото на другата малолетничка“, се вели во соопштението.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.